субота, 4. јун 2016.

Зошто дилемата уште е преводник





Зошто Мајко
Проѕирната ѕвезда од преданијата
Повторно сега ми ги слика спротивностите на небото
И ме носи пред огледалото на вистината

Затоа ли сега треперам во бранови
Во бел простор меѓу седум столбови
Јас мислам дека не стигнав далеку ,Но мојот одраз
глаголи дека сум бил пишан во заборавени преданија

Зошто Мајко
врз моите идни дни легнуваат магли густи
а водите,подземни и надземни ми ги миат сеќавањата
и зошто веќе не го слушам ехото во себе.

Затоа ли сомневањата не се криат по суводолици
И зоната на Очајот веќе не е во тајност
А притаениот копнеж чекори малку папсано
Нели ова беше минатото,бездруго иднината е розова.

Зошто Мајко
Не болувам веќе по неа
Зошто дилемата  уште е преводник на многу нејаснотии
Зошто...зошто...зошто






Заветот го исполнив




Готово е
Заветот го исполнив
Проклетството ме напушти
Сепак размислувам,вака
Нема повеќе да бидам роб на Копнежи
Знаете,сега сум постар за Пет столетија
Вчерашниот живот беше Беда
И многу отровни дождови
А денес
Денес раскошна прегратка со стихови
И за денот и за ноќта
И за мојот праисконски прв Живот.

Несфатливо,како старите мисли сум ги плодел
Сум ти бил
Исповедник на осамени распуштеници
Или со други зборови
Бесцелен лет кон длабочините
Ете
Зад нивните маски живи беа само очите
Без никакво спокојство во душата
Ах,во нивната крв никогаш не го видов
Просторот на Тајните Галаксии
Како ли
Со нишките на несватливото ме врзувале
И со суви грмотевици ме Благословувале.

Готово е
Заветот го исполнив
Проклетството ме напушти
Сепак размислувам ,вака
Старата латинска книга е пред мене
И два правилни триаголници
Не,проповедник на чуда нема да бидам
Ни пак ќе ви кажам за старите Вавилонски записи што ги имам
Ни пак како ја стретнав Смрта
Патем
Следниот ден ,што не е роден,по заодот
Умствено во него ќе го позлатувам стихот.

Ете толку
Заветот го исполнив
И проклетството ме напушти.

 Чернодримски






петак, 3. јун 2016.

Сега се радувам и на зовриените облаци


Не чуствувам болка
И да бидам искрен
Сега се радувам и на зовриените облаци
Кои се лепат на небото како Божества разбудени
И повторно да бидам искрен
Бесмислено е по вторпат да се сеќавам на минатото
Сињакот кој утрово малку се осоколи
Етего се прилепил на скаменетиот пламен
Патем
Додека одев во ходникот на времето
Некој
Да некој кој ме познавал уште одамна,рече
Сеуште не си напишал совршената приказна,нели
Каде сите се неизмерно среќни
Каде никој не предвидува,туку сите се љубопитни
Каде дивата и непокорена страс се буди
Каде едно вистинско,и три вештачки сонца греат

Се сеќавам
Да добро се сеќавам
На моите дамнешни чуства
Кога во матниот талог од ноќта остана таа желба

Се сеќавам,да добро се сеќавам
На кристалното око кое се отвара во пурпурноста
За огледалото,каде го гледав одразот на настаните
Се враќаат сеќавањата,пред да се роди сонот
Евеја повторно
Ноќта злокобно завива
Но не чуствувам болка
И да бидам искрен

Сега се радувам на зовриените облаци.

Розево Небо.





Ова е само сцена од невидливиот механизам на Животот
Каде Пеколот ја проширува својата пламена Империја
А,тишината,крцка и се намалува со чудна подмолност
Не претпоставувате,пред вас лежи ноќта каде пепелта ќе ве препокрие

Скаменет лик,со скаменето срце,заповеда позади завесата на очајот
Додека неговиот здив повлекува во себеси парчиња мрак
Наречетего сето ова некој Рулет на Судбината,но личи на приказна
Настаните ќе течат крај вас,додека мислата ќе ви биде сопствена одмазда.

Вие и навистина живеете во Минатото,некаде пред сто столетија
Постојано гледаќи во далечините,бараќи ја линијата каде се дели почетокот со крајот
И барате помош од Светците,на ѕидовите од малата црква
Па како парталави Безделници се крстите,радуваќи се на туѓата смрт.

Не е мое да судам,но зборовите мои напати делуваат како капки од дождот
Капат на ламарината,одзвонуваат,потоа исчезнуваат
Но слушам како Големната Ноќ,повеќе зборува за вас,отколку за мене
Вашето Сонце,што го обожавате,всушност е крваво и личи на Пајак.

Нечекам повеќе прошка од вас,зошто вашата прошка  ќе ме измачува
Занает ми е да бидам без сеќавање,и туѓиот грев да го почуствувам
Потоа,во туѓиот грев да Воскреснам,повторуваќи,ме Убивте за да живеам
Како епилог на се ова,останувам без Љубов и Почит,со моето Розево Небо над главата.







четвртак, 2. јун 2016.

Обред на Прадедовците




Тишината има папсан, премален глас
Стравот е веќе на умирање
А Јас би останал и понатаму нижтожен,и беден
Ако пишувам за тебе,наместо утеха
Безимена Жено
Сега со пркост,наместо очај
Ќе ја погребам последната солза
На сува жед планина
Нека таа некој ден,кога ќе се открие големата измама
Кога ќе падне твојата маска на мудроста,а под неа само празнина
Те праша само
Се сеќаваш ли кога последен пат вистински сонуваше

Не припаѓам веќе на овој свет
Немам иднина
Се ослободив од неизвесноста
Чекор,и пак чекор,и пак чекор,се до целта
Меѓу кадрави облаци кои меѓусебно со пламен се милуваат
Или тоа е само игра на Ангелите

Би сакал ова да е само празно претчуство
Но потоците на мракот течат кон тебе
Восокот од црната свеќа веќе се истопи
Ја запали за мене на камен,каде што су седел како дете
Утревечер,последното пламенче ќе стори..паф..и играта заврши
А тебе,тишината рапаво ќе ти се кикоти
Ќе ти шепоти весело,само кукла си,дојдена да си играат другите..

Нагрнат само со своите мисли,танцувам
Ветерот го прегрнувам
Можеби е само молитва за прошка од времето
Или обред на моите прадедовци
Денот се наближува,ти остана само мракот
Со ова ја погребав и солзата,и тебе засекогаш.





Мирисот на Ружата



Со роденото време бегавме од темната ноќ и сега,одеќи во несоздадената светлина која само што го најави својот зародиш..се распrскуваше исто како меури насекаде,а јас со својот чуден немир на неостварен копнеш застанав на самиот крај од улицата сакаќи денес да ја преминам границата на моите свилени соништа,отвораќија вратата на вистинската среќа..а ете токму ноќта ми ја даде сигурноста дека денес на својата раќа ќе ја ставам мојата најскапоцена Ружа..чудно таа моја Ружа сеуште немаше име,а и го знаев ликот..и секогаш кога ќе се сетев на тој лик гладот за Љубовта растеше,некаде во длабочините на мојата утроба,кога и само вистински ќе се разбудеше тој глад,мислев дека морето ги буди најдивите оркани,ете таков беше тој мој копнеж...а знаев дека и денес ќе помине тука,па затоа стрпливоста веќе ме прегрна,сеедно ми беше за чудните погледи од минувачи,тие одеа некаде,каде во нивното некаде, а јас тука стрпливо чекав во најубавото предворје на Љубовта..
И навистина,зарем стрпливоста не беше една од најдобрите особини на Господинот,да,бев стрплив исто како витезот кој чека да се појави на кулата од тврдината неговата принцеза,и ете,конечно на самиот крај,се појави,прво како сенка,но знаев дека е таа,ветерот честопати ме сакаше ,па брзо,брзо го носеше нејзиниот мирис,ги раширив ноздрите лакомо впиваќи ги тие  нежни ароми,кои се одвоиле од неа,како се наближуваше,така нејзината насмевка ја зголемуваше пламеноста на нејзината коса,а насмевката,па најдобро е да ја споредам со Ангелската,ете толку беше исполнета со милост и нежност,погледот,да тој поглед,тој мал свет на плави небесни пространства кои те впиваат недаваќи ти никогаш повеќе да не излезеш,кога се доближи,сакав да проговорам,но ниеден збор сега небеше достоен за нејзината убавина..но морав да го прекинам тој молчелив миг...потоа,да потоа Ружата која беше во другата рака ја ставив токму пред тој небесносин поглед,се насмевна,да се насмевна правеќи го утринскиот воздух кој се задржуваше тука околу нас уште потопол..
-те молам,не ја прави тишината бесконечна,кажи само дека го примаш овој мој скромен подарок..
Ја зафрли својата коса назад и само тивко ме праша....дали вистински веруваш во зборот..Засекогаш..
Колку траеше нашиот прв бакнеж,остана дилема и понатаму..само знам дека тој миг кога усните се споиа,е мигот за кој ниедна наука нема дефиниција со што ќе го формулира правилно,се отвараа двата светови,правеќи ги сите досегашни далечини една голема вселена во кој блескаше младата ѕвезда.
Полека ги пуштив прстите да се сполотат со нејзините..
-започна да се создава светот наречен засекогаш..
Нашите сплотени раце,полека зборуваа..ако јас Бев Алфа,таа беше Омега..или обратно,но сепак бевме онаа целина за која копнежливо ја посакував.незборуваше,само одеше одвореме навреме гледаќи со својата продорност во длабочините на мојата душа.сакав да и кажам..но тивкиот шепот на мојата душа дојде до моето срце кажуваќиму..вечноста е пред вас..зборовите ќе се создат и утре и задутре..
Ете и сега научив уште една работа

-мирисот на ружата нема да постои ако ја нема ружата..така да стрпливоста се исплати..


среда, 1. јун 2016.

Време е да се вратам кај Ѕвездите



Станавме мал миг,помеѓу два големи мигови
И се залепивме во талогот на сопствената беда
И се опкруживме со сопствениот лажен сјај
Влеговме во замрсени јазли од нејасни прашања
Наидовме на матни одговори
И во таа матност
Со сета нејсаност,започнавме да го врзуваме молчењето
Правеќи една безлична линија на тишината
И таа безличност беше молк
Или подобро кажано,некој премин од ништо во ништо
И тогаш
Кога помислив,и Јас,и неколкумина околу
Дека ќе го дочекаме последното Човечко будење во животот
Многумина
Беше маса безлична
На молкот одговорија со молк,правеќи го Јадрото на тишината непрегледно
Пропадна повторно рече некој во близина
Зошто сите овие се само среќни покојници
Кои во сопствени виори на кошмарот,ги плодат сопствените споулавени намери
Кутрите,покојни се уште сега,а земјата е далеку од нив
Напати ќе изрипаат исплашено од некој нивни далечен сон
Патем,знаете ли воопшто за што ви зборувам
Молкни,викаше наоколу молкот
Не ја буди тишината
Зошто тука гние надежда за иднината
Ете тоа е вистинската состојба,на големата дневна измама
Под мене празнина,над мене,небо во кој е коренот на сите сваќања
Нејсе,време е да го напуштам овој проколнат човечки облик
И да се вратам кај ѕвездите,и да бидам таков каков што сум бил отсекогаш.




 Чернодримски

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...