петак, 28. октобар 2016.

Мене ми е сеедно.




Би го започнал воведението во проклетството
За да знаете како е да се вртите
Во бесконечната арена на времето
Но шестата,бесна и дива љуња од мојот живот ме предупреди
Дека не ќе можам тогаш глатко да се спровирам
Помеѓу изгревот и заодот

Би рекле многумина
Дека сеуште сум улав од болка
Но сепак,погледнете со окото на душата
Небесните двери се отворија
Сеедно,не ме разбирате
Куполите на кој седеше среќата,веќе рѓа ги прекрива
Амброзијата на љубовта секна
Измамници,повеќето малумници се
Осамата ќе ви ја подарат

Не ме оплакувајте
Љубовта ме ослободи
Оковот на празнината го нема
Занесот по идол го преживеав
Ми остана
Уште оганот на Прометеј да ви го дадам
За кога ќе се накоти неизвесноста
Душичката си ја стоплите

Завива студен ветер на аголот од улицава
Морам
Простете
Наметката од пркос да ја наметнам
А вие
Кога навистина
Ќе ја пронајдете границата помеѓу вашиот и туѓиот живот
Ќе ми возратите со љубов
Може и во проклетијата да е тоа
Мене ми е сеедно.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...